Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пратеник од „Алтернатива“ се предомисли: Мојот потпис не сакам да биде заедно со оние од „Левица“

Пратеник од „Алтернатива“ се предомисли: Мојот потпис не сакам да биде заедно со оние од „Левица“

Скендер Реџепи - Зејди, пратеникот од „Алтернатива“ денеска изјави дека го повлекува својот потпис за изгласување за недоверба на Владата, се додека на истата листа се и потписите на двајцата пратеници на „Левица“, партија која според него е антиалбанска и својој политички подем го гради на основа на навреди кон Албанците

-Во никој случај нема да прифатам дека мојот потпис бил покрај потписот на оние кои својата политичка кариера ја градат пцуејќи не Албанците, вака првично одговори пратеникот на Алтернативата, Скендер Реџепи, на прашањето за новото парламентарно мнозинство меѓу ВМРО. -ДПМНЕ-, Беса, Алијанса за Албанците, Алтернатива и партијата „Левица“. 

Реџепи вели дека е заинтересиран да ја урне актуелната влада, но не по секоја цена. Во изјава за ТВ21 рече дека неговиот потпис за ново парламентарно мнозинство ќе остане само условен доколку се тргнат потписите на двајца пратеници од „Левица“.

„Сите пратеници беа убедени дека Левица не потпишала. Договорот требаше да го потпишат ЛДП, Беса, ВМРО и ние. Во духот на ова се согласив да го дадам потписот. Секој потпис е важен за злобната ДУИ за Албанците да се тргне, но не по секоја цена. Дури и ставот на Алтернативата отсекогаш бил таков што не се осмелуваме да се идентификуваме со политички субјект кој е антиалбански во сите елементи. Не дозволувам во мојот живот да го валкам мојот семеен идентитет за ниедна цена“, рече меѓу другото Реџепи.


Слично

Поврзани вести