Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пратеник на ВМРО се пожали на полициска контрола на возила со бугарски регистрации во Македонија

Пратеник на ВМРО се пожали на полициска контрола на возила со бугарски регистрации во Македонија

Милен Михов, пратеник во бугарскиот парламент од редовите на ВМРО, за бугарската национална телевизија вели дека располага со информации за тенденциозна полициска акција во Македонија со проверка на возила со бугарски регистарски таблички.

„Имаме информации за полициска акција од вчера во Струмица против автомобили кои се регистрирани во Бугарија - тие биле темелно проверени од тешко вооружени полицајци “, рекол д-р Михов утринава за БТВ.

Тој додаде дека ако оваа информација е потврдена, ВМРО ќе побара објаснување од властите во Северна Македонија.

Михов ја коментираше и намерата на македонските власти да го вратат изучувањето на српскиот јазик, з ашто веќе имаше реакција од бугарскиот вицепремиер и претседател на бугарското ВМРО, Красимир Каракачанов.

„Изградба на српски културен центар во Скопје и изучување на српскиот јазик во македонските училишта се продолжение на долгата политика што ја водат сите страни кај нашиот западен сосед“, коментира пратеникот од ВМРО. 

Се пожали и на тоа дека до денес нема ниту една бугарска телевизија или весник во Македонија.


Слично

Поврзани вести