Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пратениците ставени на тапет за гласањето на законот за јазици - Ќе има ли вжештување?

Пратениците ставени на тапет за гласањето на законот за јазици - Ќе има ли вжештување?

На социјалните мрежи како и низ повеќе градови низ Македонија се шири тежок говор на омраза, најпрво насочен кон пратениците кои пред некој ден го изгласаа Законот за употреба на јазиците. Дел од револтираните граѓани сметаат дека ова е закон за официјализирање на албанскиот јазик што секако, е делумно точно иако тој назив не е дел од самото име на законот. На Фејсбук се споделуваат грозни монтажи од слики на пратеници кои гласаа за законот со навредливи националистички пораки, како и закани за предавниците кои ја воведоа двојазичноста во Македонија, како што се вели во објавите на револтираните граѓани.

Првиот вистински инцидент следеше ноќта веднаш по самото гласање кога автомобил на пратеничката Славица Шуманска – Митева на СДСМ од Виница беше запален пред нејзиниот дом. Ферид Мухиќ од коалицијата предводена од СДСМ потоа истакна и дека пратениците о мнозинството избегнувале да се појавуваат во јавност со цел да нема провокации и можни инциденти, за да слегне тензијата. Полицијата ги обезбедувала и домовите на пратениците по пристигнувањето на голем број на закани, пцовки и клетви кои и натаму пристигнуваат. 

Веќе се најавуваат нови протести преку социјалните мрежи, а реториката се заострува, се шират навредливи пораки со националистичка содржина, па прашање на време е кога ќе следи и одговор од албанската етничка заедница.

Властите мора сериозно да размислат за начинот како да ја спречат конфликтноста по ова многу сензитивно прашање, да спречат ширење на говор на омраза, како и да покажат лидерство и уверување кон народот дека законот за јазиците нема да ги оствари најголемите стравови за бинационалност, за бојкот на македонскиот јазик, за триумфализам на Албанците и понижување на вредностите кои ги има мнозинскиот народ во Република Македонија. 

Х.С.

Слично

Поврзани вести