Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРАТЕНИЦИТЕ СО ПОРАКИ ДО ГРАЃАНИТЕ: Спомнаа „прав“ пат со кривини, но и кој ќе заврши на буништето на историјата

ПРАТЕНИЦИТЕ СО ПОРАКИ ДО ГРАЃАНИТЕ: Спомнаа „прав“ пат со кривини, но и кој ќе заврши на буништето на историјата

Пратениците упатија пораки до граѓаните за кого да ја дадат довербата на 12 април. 

Пратеникот Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека граѓаните не треба да го бираат „правиот“ пат на екс премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев со многу кривини. 

Јован Митревски од СДСМ се заблагодари на сите колеги за соработката и нагласи дека Македонија сега е лидер во регионот, затоа што земјата повеќе не е изолирана. 

Крсто Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека Заев ќе заврши на буништето на историјата. 

Се обрати и собранискиот спикер, Талат Џафери во име на пратеничката група на ДУИ, при што кажа дека го реализирале ветеното за албанскиот јазик. Рече дека во своето работење се воделе од стратешките цели на оваа земја. 

Слично

Поврзани вести