Пратениците се расправаат за тоа кој што направил и ќе направи за земјоделците
Пратениците од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието се расправаа за тоа кој колку придонел за земјоделците.
Од СДСМ рекоа дека земјоделците проследите години додека ВМРО-ДПМНЕ владееше, тешко живееја.
Додаваат дека површините се намалени, а репро материјалите се три пати поскапи.
Пратеникот и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Димовски се правдаше дека многу мерки се направени за подобрување на животот на земјоделците.
Пратеникот Панчо Минов праша дали лозарите ќе ги добијат парите и бара овој проблем да се реши.
„Господине мандатар, ќе извините, но во поглед на земјоделството вашите излагања беа скромни“ - рече Минов.
Тој бара откуп и навремена исплата.
Слично
