Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРАТЕНИЦИТЕ СЕ ПРОШЕТАА ДО АНБ: Не добија документи на увид, туку само информации од Христовски

ПРАТЕНИЦИТЕ СЕ ПРОШЕТАА ДО АНБ: Не добија документи на увид, туку само информации од Христовски

Пратениците се прошетаа до Агенцијата за национална безбедност, но не добија документи на увид. Собранието соопшти дека комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, на 10.09.2025 година реализираше надзорна посета во просториите на Агенцијата за национална безбедност, но немале можност да ги видат документите.

„На средбата директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, ги информираше членовите на Комисијата во врска со неправилности и недостатоци, односно за непрофесионалното и незаконито постапување во Агенцијата, во периодот од 2019 година до 2024 година. Воедно директорот информираше и дека се доставени известувања до надлежно Јавно обвинителство кое постапува во конкретниот случај. Од тие причини пратениците немаа можност за увид во документацијата“, соопшти Собранието. 

На средбата се разговарало и за потреба од институционално постапување и решавање на предметите во врска со доставените известувања до надлежното Јавно обвинителство во согласност со законската регулатива и утврдените постапки од една страна и важноста и потребата за остварувањето на суштински надзор над работењето на Агенцијата од собраниската Комисија од друга страна.

„На средбата членовите на Комисијата беа информирани и за други теми поврзани со работењето на Агенцијата за национална безбедност и активности кои што се преземаат со цел подобрување на условите за работа и отстранување на недостатоците во работењето“, велат од Собранието.


Слично

Поврзани вести