Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРАТЕНИЦИТЕ СЕ „КОШКААТ“ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ: За опозицијата не е уставен, за власта тој носи соживот

ПРАТЕНИЦИТЕ СЕ „КОШКААТ“ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ: За опозицијата не е уставен, за власта тој носи соживот

Законот за употреба на јазици пред пратениците. Мнозинството и опозицијата ќе расправаат на 15 собраниска седница за овој закон која беше прекината пред кампањата за локалните избори.

Според опозициската ВМРО ДПМНЕ овој закон не е уставен и со него се кршат процедурите. Тврдат дека со негова примена ќе дојде до двојазичност на целата држава и истиот ги дискриминира помалите етнички заедници.

За парламентарното мнозинство законот е во согласност со Уставот.

Владеачките партии велат дека тој не го нарушува унитарниот карактер на државата и ќе допринесе за зголемување на соживотот во државата.

Што се предвидува всушност со Законот за употреба на јазици?

Со законот е предвидува во сите органи на државната власт во Република Македонија, централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања согласно закон и други институции, службен јазик покрај македонскиот јазик и неговото писмо да биде и јазикот што го зборуваат 20 проценти од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо, (албански јазик).

Слично

Поврзани вести