Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пратениците се испокараа на надзорната расправа за поплавите

Пратениците се испокараа на надзорната расправа за поплавите

Наместо барање на одговорност кај институциите за последиците од поплавите во Скопје на 6-ти август кога 22 лица загинаа, пратениците ја поминаа седницата во меѓусебни обвинувања и кавги, па дури и вербален дуел меѓу пратениците Сугаревски од СДСМ и Куковски од ВМРО-ДПМНЕ.

По кавгите беше донесена одлука да се направи пауза, па што се смират страстите расправата ќе продолжи. 

Според планираното, треба ќе бидат сослушани 30 сегашни и поранешни функционери, меѓу кои и четворица поранешни премиери во чии мандати беше градена обиколницата од 2002 до 2006 година. Изјави треба да дадат повеќе функционери од областа на земјоделството, агенциите за заштита и спасување, УХМР, повеќе министри, директори на јавни претпријатија и градоначалници.

По барање на пратениците на СДСМ покана е испратена до лидерот на ВМРО ДПМНЕ и екс премиер Никола Груевски, ддоека пратениците на ВМРО ДПМНЕ на сведочење ги повикаа екс премиерите од СДСМ Бранко Црвенковски, Хари Костов и Владо Бучковски. Поранешните премиери најверојатно ќе бидат сослушани наредната недела.

Извор: novatv.mk


Слично

Поврзани вести