Пратениците продолжуваат со расправии за тоа кој што направил за Македонија
Пратеникот Стефан Богоев од СДСМ денеска во Собранието изјави дека Македонија мора да дише слободно и да продолжи напред.
Тоа според него треба да се направи без криминалците кои мора да одговараат.
Претседавачот Трајко Вељаноски му одговори дека му е прв мандат и дека треба да има повеќе трпение, и самиот да не го крши Деловникот.
Димитар Стевананџија од ВМРО-ДПМНЕ му порача да прошета по студентските домови и да види што се е направено.
„Партиципациите се 200 евра, не се 1200 евра како кога бевте вие. Вистината не се гледа од кафани, вистината се гледа од средба со студентите од внатрешноста. Заради СДСМ нема ниту еден автопат, сега се градат 4. Во времето на СДСМ немаше ни минимална плата“ - вели тој.
На Богоев му рече да остави повозрасните да зборуваат и да прават споредби.
Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ рече дека лицемерие е што колегите од СДСМ зборуваат за екстерно, а нивните деца не полагале ниту еднаш, зборуваат за болниците, а не се лечат во државни болници.
