Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ в четврток во Собрание - сакаат да го слушнат Столтенберг
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе се вратат во четврток во Собранието за да го слушнат обраќањето на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Од партијата велат дека остануваат со политиката ориентитени кон ЕУ и НАТО.
Столтенберг утре и задутре пристигнува во официјална посета на Македонија.
Столтенберг задутре напладне ќе се обрати пред пратениците во Собранието на Република Македонија.
Се очекува генералниот секретар на Алијансата да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев, како и со министрите за надворешни работи и за одбрана Никола Димитров и Радмила Шекеринска, со лидерот на опозицијата Христијан Мицковски, и со лидери на други политички партии.
Mинистерката за одбрана, Радмила Шекеринска вчера изјави дека Македонија има што да му соопшти на генералниот секретар на Северноатлантската алијанса.
Според неа, посетата на Столтенберг е порака сама по себе.
