Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ја блокираа резолуцијата за поддршка на водачите на косовската ОВК

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ја блокираа резолуцијата за поддршка на водачите на косовската ОВК

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ја блокираа резолуцијата за поддршка на водачите на косовската ОВК Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими – на кои Судот во Хаг им суди за воените злосторства. 

Резолуцијата ја поднесе Европскиот фронт кој го предводи ДУИ. 

Поради нивното отсуство, во Комисијата за надворешна политика немаше кворум за резолоцијата да биде ставена на дневен ред. Опозициските пратеници Албанци обвинија дека отсуството на пратениците Македонци е тенденциозно и најавија дека нема да се откажат „резолуцијата за почитување на стандардите за правична постапка во меѓународното судење на поранешните раководители на косовските институции“ да ја стават на дневен ред. Скоро две години албанскиот политички блок ја блокира Комисијата за социјална политика за да не помине законот за бранителите.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести