Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пратениците на СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците ја напуштија седницата за реконструкција на Владата

Пратениците на СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците ја напуштија седницата за реконструкција на Владата

Пратениците од СДСМ, Демократската унија за интеграција (ДУИ) и Алијанса за Албанците ја напуштија денешната собраниска седница за реконструкција на Владата, откако немаше јавно извинување за навредливото однесување на предложениот министер Иван Стоиљковиќ кон опозициските пратеници.

Одлуката следеше по втората пауза и координацијата на пратеничките групи, на која опозицијата побарала претседателот на Собранието, Африм Гаши, јавно да го осуди однесувањето на Стоиљковиќ. Барањето, според нив, не било прифатено, ниту, како што велат, премиерот се оградил од инцидентот.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, изјави дека на координацијата предложиле да се донесе заклучок со кој Собранието ќе го осуди конкретното однесување на кандидатот за министер.

Слично

Поврзани вести