Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пратениците Костадиновска Стојчевска и Богдановски од денеска без скафандери на седница

Пратениците Костадиновска Стојчевска и Богдановски од денеска без скафандери на седница

Парламентарното мнозинство очекува од денеска да ги има пратениците Бисера Костадиновска Стојчевска и Мирослав Богдановски во своите редови, откако излегоа од изолација како заболени од Ковид-19.

Двајцата пратеници под вонредни околности во неделата гласаа од кабината на 32. и 36. собраниска седница. За да направат кворум , тие иако беа позитивни на Ковид-19,  дојдоа во Собранието со скафандери,

Од денеска се очекува мнозинството да нема проблем за обезбедување на кворум, а доколку денеска во Собранието власта има 61 од вкупно 62 пратеници, според најавите, не е исклучено спикерот Талат Џафери да закаже, во меѓувреме, продолжение и на некои од старите седници, за да може да се донесат закони за кои е завршена расправата.

ВМРО-ДПМНЕ и Левица поднесоа кривични пријави против Џафери, Костадиновска Стојчевска и Богдановски за непостапување според здравствените прописи.

Собранието денеска треба да ја одржи 39. седница на чиј дневен ред е Предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба на дел од територијата на државата, како последна точка, е и Интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, а на дневен ред се и повеќе предлог-одлуки, како и предлог-закони за измени или дополнувања.


Слично

Поврзани вести