Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пратениците конечно ќе гласаат за наследникот на Зврлевски

Пратениците конечно ќе гласаат за наследникот на Зврлевски

Пратениците во сабота на 25 ноември ќе гласаат за избор на новиот Јавен обвинител на Република Македонија по предлогот кој го достави Владата. Претседателот на Собранието Талат Џафери ја закажа седницата на која треба да биде именуван новиот главе јавен обвинител на Република Македонија.

По предлог на Владата избран е Љубомир Јовески кој веќе 15 години е дел од ЈОРМ и беше заменик јавен обвинител на Марко Зврлевски.

Ова ќе биде втора продолжена работна седмица за пратениците кои во саботата расправаа за прераспределбата на средства од Буџетот за 2017.

Владата му предложи на Собранието за јавен обвинител на Република Македонија да биде именуван Љубомир Јовески, член на Советот на јавни обвинители.

За именување на јавен обвинител Собранието одлучува со просто мнозинство од 61 глас. Јавниот обвинител има мандат од шест години со право на повторно именување.

Засега нема најави дали на истата седница ќе бидат предложени и нови кандидати за министри и заменици во владата на испразнетите места, а долго време се чека решение за новиот министер за здравство откако Арбен Таравари победи на локалните избори во општина Гостивар.

Слично

Поврзани вести