Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пратениците ќе засукаат ракави, Џафери има рок за законот за јазиците

Пратениците ќе засукаат ракави, Џафери има рок за законот за јазиците

Пратениците штом се вратат на работа по викендот ќе мора да ги засукаат ракавите биџејќи претседателот на Собранието Талат Џафери очекува законот за јазиците да биде донесен до следниот петок. Ова е амбициозно очекување со оглед на досегашните силни спротиставувања на пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Предложениот Закон за употреба на јазиците, предвидува во сите органи на државната власт, во централните институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања службен јазик покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо да се употребува и јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните.

Со овој закон судовите, јавните обвинителства, како и сите други органи, тела и други институции ќе треба да овозможат користење, употреба и примена на кој било од службените јазици и нивните писма во своите постапки.

Предвидено е во рок од една година од денот на влегувањето на сила на овој закон сите надлежни институции се обврзани да ги донесат подзаконските акти. Владата на Република Македонија веднаш по влегувањето во сила ќе развие програма за покренување на јавната свест за примената на овој закон. Предвидени се и глоби во износ од 4.000  до 5.000 евра во денарска противвредност за прекршок на институции за непочитување на одредбите од овој закон.

На албански јазик ќе бидат достапни и поштенските марки, уплатниците, фискалните извештаи, фактурите и бандеролите.

ВМРО-ДПМНЕ досега два пати се обиде законот да го симне од дневен ред но, неуспешно.

Слично

Поврзани вести