Пратениците ќе расправаат дали да се продолжи рокот на кризната состојба
Денеска пред пратениците во Собранието ќе се најдат предлог одлуките за продолжување кризната состојба во земјава поради зголемениот обем на влез на мигранти кои транзитираат низ Македонија.
Во предлогот на Владата се вели дека оваа мерка се наметнува поради „потребата да се даде можност на армијата и на безбедносните сили да продолжат да ја гарантираат безбедноста и обезбедувањето на државната граница“.
Барањето е направено после „длабинска анализа“, пишува во документот.
Потсетуваме дека вонредната состојба беше воведена кон крајот на август минатата година, кога стотици илјади мигранти пристигнаа од Грција и преминаа транзит преку територијата на Република Македонија на пат кон Западна Европа.
Гласањето во пленарната сала се очекува да се случи денес кога пратениците ќе се изјаснат по оваа предлог измена.
