Пратениците ќе го набљудуваат пописот, вели Славјанка Петровска
Пратениците ќе го набљудуваат пописот кој ќе се одржи во април. Ова го најави пратеничката од редовите на СДСМ, Славјанка Петровска.
Вели дека по цели 19 години, државата ќе спроведе попис согласно сите меѓународни стандарди.
„Институциите, првенствено Државниот завод за статистика, сега треба да изработи методологија за спроведување на пописот која исто така, мора да биде достапна на јавноста. Со тоа граѓаните и јавноста во целина ќе бидат уверени дека процесот ќе биде статистичка, а не политичка операција како што некој се обидува да го прикаже“, рече Петровска.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека власта од пописот сака да направи „политичка, а не статистичка операција“ и дека „законот е истуркан на сила, и пописот нема да биде објективен, фер, релевантен и реален“.Вицепремиер Артан Груби е убеден дека во април ќе се спроведе пописот.
Слично
