Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пратениците ќе ги разгледуваат предложените измени за породилното боледување

Пратениците ќе ги разгледуваат предложените измени за породилното боледување

Предложените измени за породилно боледување денес ќе се најдат пред маса на пратениците.

Ќе се разгледува граѓанската иницијатива која бара промени во донесат измени на Законот за работни односи.

Имено, граѓаните предлагаат да се продолжи траењето на породилното отсуство, односно наместо девет колку што трае сега, да се продолжи на 18 месеци.

Целта на оваа иницијатива според покренувачите е мајките да бидат подолго време со нивните новороденчиња и да се вложат повеќе во нивниот развој. 

217 лица е бројката е граѓани кои ставиле потпис на иницијативата а која ја достави овластениот предлагач Снежана Кузмановска.

Во поглед на овие измени, мајките кои ги анкетираше фактор велат дека измените се навистина потребни.

„Потребно е повеќе време мајката да му посвети на детето во развојот во првата година до две“, вели мајката Марија, која е во третиот месец од бременоста.

Друга мајка пак вели дека овие измени би и биле од големо значење бидејќи нема да мора да изнајмува дадилка во период на кој му е потребна мајчинска грижа.

Слично

Поврзани вести