Пратениците Јанева ќе ја видат само на пленарна седница, веќе не го трпи мобингот
Изгледа дека четиридневниот циркус во собранието ќе заврши со оглед на тоа што специјалната јавна обвинителка најави дека повеќе нема да присуствува на седниците на комисијата за политички систем бидејќи пратениците од власта ја злоупотребуваат својата функција. Еден од примерите за тоа е „прашањето“ на пратеничката Авировиќ кое траеше речиси два часа и се претвори во политички говор.
- Ова веќе е класичен мобинг, јас повеќе не си доаѓам. И јас сум само човек, ќе се појавам само на пленарната седница, рече Јанева.
Претседателот на комисијата Влатко Ѓорчев побара пауза од еден час, а потоа се очекува да продолжи расправата, овој пат конечно за извештајот на јавниот обвинител Марко Зврлевски.Собранието треба да одржи и пленарна седница на која ќе се дискутира за работата на обвинителства по приложувањето на извештаите.
Слично
