Пратениците го одобрија новиот заем за развојни политики
Пратениците дадоа „зелено светло“ за ново задолжување од 36,4 милиони евра кај Меѓународната банка за обнова и развој. Кредитот е наменет за развојни политики и зголемување на конкурентноста.
Во законодавниот дом, жестока беше расправата околу новиот заем, кој според опозицијата е уште едно задолжување пред избори.
„Оваа држава ја задолжувате прекумерно и тоа го правите непотребно, кога треба да се одржат избори. Овие пари ќе се трошат само за избори и за манипулирање и поткупување на гласачите во Македонија“, рече пратеникот Марјанчо Николов од СДСМ.
Наспроти ова, Ромео Тренов од ВМРО-ДПМНЕ оцени дека СДСМ уште сега бара алиби бидејќи, како што рече, партијата е свесна дека ќе ги изгуби претстојните претседателски избори.
Заемот е предвидено да се искористи за производство со висока додадена вредност, преструктиурање на земјоделството, раст на флексибилноста на пазарот на труд и на ефикасноста на трговската логистика.
Владата ќе го отплаќа заемот по две рати годишно во текот на 18 години, со грејс период од 5 години и камата во висина од 6-месечен ЕУРИБОР кој сега изнесува околу 0.4%.
Државниот долг на земјава на крајот на минатата година изнесуваше 2.7 милијарди евра, а според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески ова се уште е ниско на ниво на задолженост. Повеќе за тоа какви се последните податоци за состојбата со задолженоста на Македонија, на следниот линк:
ДОЛГ ОД 2,7 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Највисоко ниво од 2005 та година !
Заемот од Светска банка ќе се искористи за производство со висока додадена вредност, преструктиурање на земјоделството, раст на флексибилноста на пазарот на труд и на ефикасноста на трговската логистика. Владата ќе го отплаќа заемот на две годишни рати во текот на 18 години, со грејс период од 5 години и камата во висина од 6-месечен ЕУРИБОР кој сега изнесува околу 0.4%. Бордот на Светска банка ќе го усвои проектот на 13 март. Државниот долг на земјава на крајот на минатата година изнесуваше 2.7 милијарди евра.
Слично
