Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пратениците го избраа Јовески за јавен обвинител, што вети тој?

Пратениците го избраа Јовески за јавен обвинител, што вети тој?

Со 61 глас „за“ и еден воздржан пратениците по трет пат успеаја да обезбедат кворум и да го изберат Љубомир Јовевски за нов државен јавен обвинител.

Со свечена изјава Јовески и официјално е назначен за државен обвинител. Се обврза дека ќе го почитува Уставот и законите и дека ќе работи чесно, совесно и непристрасно. Тој рече дека е исправен пред голем предизвик, да ја врати довербата на граѓаните во Јавното обвинителство. Нерешени контроверзни предмети, малиот буџет на кој се жалеше и неговиот претходник, ниски плати но недостаток на кадар се само дел од предизвиците пред кој е исправен новиот обвинител. 

Јовески е предлог на Владата по сугестија на Советот на јавни обвинители кој единствено за него и професорката на Универзитетот во Тетово Елена Андреева даде позитивно мислење од вкупно 23 ца кандидати. 

Слично

Поврзани вести