Пратениците гласаа за укинување на Советот за јавни набавки
Собранието денеска ги изгласа измените во Законот за јавни набавки по скратено постапка, со што се укинува Советот за јавни набавки.
Министерот за финансии, Драган Тевдовски изјави дека се работи на изработка на нов закон, во кој што биле применети европските практики.
„Постојниот закон, донесен во 2007 година, претрпе 15 измени со што се отежни неговата примена, а според оценките на Европската комисија, измените во последните години и воведувањето на Советот за јавни набавки доведоа до оддалечување на законот од европските регулатови. Јавните набавките тешко се спроведуваа, има бројни бирократски бариери кои не придонесуваат кон спречување на злоупотреба, туку доведуваат до блокирање на институциите“ - вели Тевдовски.
Пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ реагираше затоа што измените биле носени по скратена постапка и кажа дека поради тоа нема да ги поддржат.
„Ова е ад - хок решение со кое само привремено ќе го реши проблемот, но се отвара простор за нови проблеми“- рече Димовски.
За новиот закон, предложи уште во подготовката да се слушнат мислењата на пратениците, особено на опозицијата.
