Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРАТЕНИЦИТЕ ГЛАСАА: Изгласана e недоверба за пет членови на Судски совет

ПРАТЕНИЦИТЕ ГЛАСАА: Изгласана e недоверба за пет членови на Судски совет

Собранието денеска им изгласа недоверба на пет членови на Судскиот совет, откако мнозинството пратеници ја поддржаа интерпелацијата на Весна Дамева, Павлина Црвенковска, Миљазим Мустафа, Тања Чачарова-Илиевска и Селим Адеми.

Се смета дека тие ја занемариле и не ја извршувале својата функција во работата на Советот, а поради изгласаната недоверба, го губат легитимитетот да учествуваат и одлучуваат во работата на Судскиот совет. 

Зад иницијативата, поднесена на 7 февруари, застанаа 67 пратеници од мнозинството. Пратеничката група на Левица пред седницата се изјасни дека ќе ги поддржи интерпелациите, бидејќи „мора да се прати порака до судството, дека одговорност мора да има веднаш“. Но, изгласувањето на интерпелациите не значи оставки за овие пет члена на Судскиот совет. 

Слично

Поврзани вести