Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пратениците денес се враќаат на работа

Пратениците денес се враќаат на работа

По летниот одмор пратениците денеска се враќаат во пратеничките клупи.

Денеска во Собрание е закажана седница на Комисија за економски прашања, а за 29 август, пак, 58. пленарна седница.

Во текот на следната недела се очекува да бидат соопштени и информации за тоа дали и како на пратениците и пратеничките групи ќе учествуваат во јавната пропаганда за референдумот, но и тоа дали Собранието, како овластен предлагач, со свои претставници ќе ја набљудува работата на изборните органи што ќе го спроведуваат референдумот на 30 септември.   

До средината на неделата се очекува и првата координативна средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи. 

На дневен ред на Комисијата за економски прашања е Годишниот извештај за Комисијата за заштита на конкуренцијата 2017 година. 

Слично

Поврзани вести