Пратениците да одморат уште за празникот па се враќаат на работа
По двонеделна пауза, пратениците во вторник се враќаат во Собранието по завршувањето на празничниот продолжен викенд.
За ова време, по трагедијата што се случи во Кочани, не се одржа ниту една пленарка, ниту седница на работните тела.
Во меѓувреме од поголемите пратенички групи, како и од самото Собрание, уверуваа дека пратениците изминатите 15 дена секојдневно си ги извршувале своите работни обврски.
Од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека постојано работат на подготовка на законските решенија кои ќе бидат ставени на дневен ред на идните седници после пазникот.
Според објавениот распоред на интернет страницата на собранието за во вторник се закажани веќе неколку комисии.
По истекот на седумте дена жалост од Собранието стигна соопштение во кое се вели дека одлуката за пауза е донесена со консензус во координација со пратеничките групи, изразувајќи почит кон сите загинати во пожарот во Кочани.
Инаку, јавноста реагираше дека не се одржа ниту комеморативна седница за загинатите.
