Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРАТЕНИЦИТЕ БИРААТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА АГЕНЦИЈА ЗА ЦИВИЛНО ВОЗДУХОПЛОВСТВО – Еве кој ќе ја контролира нивната работа

ПРАТЕНИЦИТЕ БИРААТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА АГЕНЦИЈА ЗА ЦИВИЛНО ВОЗДУХОПЛОВСТВО – Еве кој ќе ја контролира нивната работа

Раим Бајрами, дипломиран сообраќаен инженер од Кичево ќе биде претседател на Управниот одбор на Агенцијата за цивилно воздухопловство. Всушност Бајрами е старо нов претседател, бидејќи тој на оваа позиција дојде уште во 2019 година, при последната промена на претседателот и членови на одборот.

На денешната седница на Собранието на Македонија на дневен ред, меѓу првите точки се најде одлуката за именување на претседател на УО на АЦВ. Покрај Бајрами, како претседател, во одлуката се посочува дека член во одборот ќе биде Весна Милославлевска, дипломиран правник, вработена во Агенцијата.

Одлуката ќе се применува откако ќе биде објавена во Службен весник.

Како што е наведено во образложението на одлуката, се носи поради тоа што истекува мандатот на досегашниот претседател и на членовите на управниот одбор.

Според законот за воздухопловство, член 9 став 4, за претседател и членови на Управниот одбор можат да бидат именувани лица кои имаат завршено високо образование од областа на техничките, правните или економските науки, со работно искуство над пет години од областа на воздухопловството и со активно познавање на англискиот јазик.

- Според став 5, за претседател и член на УО можат да бидат именувани лица од редот на вработените во Агенцијата, вработените во други правни лица што вршат дејности од областа на цивилното воздухопловство основани од државата и вработените во другите правни лица, освен ако тоа на претставува конфликт на интереси согласно законите. Согласно став 6 од законот, претседател и членовите на УО се именуваат не подоцна од 60 дена пред истекот на мандато на нивните претходници, а согласно став 10 од законот, ако постапката за именување не е завршена пред истекот на мандатот, тогаш актуелните претседател и членови ја вршат функцијата и во следниот период, но не подолго од шест месеци – се наведува во образложението на оваа одлука.

Во истата е вклучена и кратка биографија на Бајрами, каде е посочено дека тој од 2019 година е претседател на управниот одбор. Исто така во нема може да се види дека Бајрами со години е дел од Агенцијата, поточно уште од 2012 година, кога прв пат се вработува во АЦВ.

Таму најпрво влегол како советник за меѓународни стандарди и регултива на аеродроми, за подоцна да стане началник на одделение за аеродромски услуги и заштита на а патници. Во 2015 година станал советник/инспектор за аеродромски услуги, додека во 2020 година станува раководител на одделение за аеродромски усуги, и се уште е на истата позиција, покрај претседателската позцијата во управниот одбор.

Бајрами е дипломиран сообраќаен инженер, насока воздушен сообраќај на Факултетот за сообраќајни науки при Универзитет во Хрватска.


На веб страната на АЦВ при носењето на последната одлука за избор на претседател и членови на Управниот одбор, во 2019 година е објавено дека е избран нов тим кој ќе го добие четиригодипниот мандат поради истекот на дотогашните членови.

-  За претседател на УО, македонското собрание го именува Раим Бајрами, дипломиран инженер за воздушен сообраќај и транспорт, вработен во АЦВ. Четиригодишниот мандат за членови на УО, собранието им го довери на Мишко Србиновски, дипломиран правник, советник/инспектор за обезбедување на аеродроми во АЦВ, со 20 годишно работно искуство во воздухопловниот сектор, и Весна Доброхотова, магистар на правни науки-насока деловно право, вработена во давателот на навигациски услуги (М-НАВ) на позицијата Раководител на одделение за правни работи, со 25 годишно работно искуство во сферата на цивилното воздухопловство – пишува на веб страната на АЦВ.

Актуелен директор на АЦВ е Томисалв Тунтев, кој на раководната позиција дојде во јануари 2019 година, а по истекот на четиригодишниот мандат, истиот му беше продолжен на почетокот на оваа година.

П.О.

Слично

Поврзани вести