Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пратеници во посета на АНБ, побарале документи и за Јордан Камчев

Пратеници во посета на АНБ, побарале документи и за Јордан Камчев

Надзорната собраниска комисија во состав од 10 пратеници денеска при посетата на Агенцијата за национална безбедност побара и документација од директорот Виктор Димовски во врска со белешката на чија основа обвинителството побара притвор за бизнисменот Јордан Камчев како осомничен за случајот „Плацеви на Водно“, објави ТВ24.

Директорот покрај тоа што информирал за контраразузнавањето, ги испратил сите документи до претседателот на собраниската комисија Љупчо Пренџов, дознава ТВ24.

Ова е прва надзорна посета на АНБ од формирањето на новиот собраниски состав, а за истата ќе се брифира во законодавниот дом.


Слично

Поврзани вести