Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пратеници со безбедносни сертификати на ВМРО-ДПМНЕ го побараа договорот со Бехтел и Енка

Пратеници со безбедносни сертификати на ВМРО-ДПМНЕ го побараа договорот со Бехтел и Енка

Пратеникот Бране Петрушевски објави дека народни избраници од оваа опозициска партија поднеле иницијатива за да го добијат договорот од 1,3 милијарди евра со конзорциумот Бехтел и Енка за изградба на четирите автопати.

Според Петрушевски, нема логика пратениците да учествуваат на дебати за повеќето предложени законски измени кои наменски се по скратена процедура заради овој договор, а истиот да не може да биде разгледан од пратениците.

- Како претставници на граѓаните, за да може одговорно да ја извршуваме функцијата пратеник и соодветно да може да гласаме, побаравме од премиерот да ни го достави договорот за изградба на Коридорот 8 и 10д. Сите потпишани пратеници поседуваме соодветен безбедносен сертификат "Државна тајна", напиша Петрушевски на социјалните мрежи, при тоа објавувајќи фотографии од иницијативата.
Премиерот Димитар Ковачевски и денеска повтори дека засега договорот со бехтел и енка не може да биде објавен затоа што, како што рече, таму има деловни тајни.


Слично

Поврзани вести