Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пратеници од СПМ му вртат грб на ВМРО-ДПМНЕ?

Пратеници од СПМ му вртат грб на ВМРО-ДПМНЕ?

Пратениците од СПМ, Владанка Авировиќ и Љупчо Димовски денеска му помогнаа на владејачкото мнозинство да обезбеди кворум за одржување на денешната 45. седница.

Кога пратениците од опозицијата увидоа дека владејачкото мнозинство нема да обезбеди кворум за седницата, тие ја напуштија салата на Собранието, но пратеникот Димовски одби да го стори тоа, а пратеничката Авировиќ првично излезе од пленарната сала заедно со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, но потоа се врати. 

Претходно Авировиќ и Димовски не ја потпишаа интерпелацијата на Владата. Ова е втор гест со кој се покажува дека му вртат грб на ВМРО-ДПМНЕ. 

Слично

Поврзани вести