Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пратеници од опозицијата нема шанси да дадат поддршка на Заев, тврди Села

Пратеници од опозицијата нема шанси да дадат поддршка на Заев, тврди Села

Првиот човек на Алијанса за Албанците, Зијадин Села кој останува на лидерската позиција иако понуди оставка, вели дека нема шанси тројца пратеници од опозицијата да дадат поддршка на премиерот Зоран Заев. 

Доколку би имал поддршка од 3 опозиционери, Заев би имал поддршка од вкупно 65 пратеници. Тие би дале ветер во грб на владејачкото мнозинство. 

„Нема ниту теоретски можности тоа да се пратеници од нашата партија, а не верувам дека тоа се некои од ВМРО-ДПМНЕ“, изјави  Села. 

Села останува претседател, откако мнозинството во Централното собрание не ја прифати оставката. 

За понудената оставка изјави дека тоа е морален чин по изборниот резултат, но одлуката е на највисокото раководството.

Собранието одлучи од партијата да ги отстрани претседателите на ограноците од Тетово и Долнени, поради тоа што соработувале со БЕСА, со  што го прекршиле партискиот статут.

Слично

Поврзани вести