Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пратеници од мнозинството предлагаат формирање на уште едно министерство, веднаш стигна првата критика

Пратеници од мнозинството предлагаат формирање на уште едно министерство, веднаш стигна првата критика

Група пратеници од параментарното мнозинство побараа формирање на ново министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

 „Заради функционирање на државата во делот на работите поврзани со политичкиот систем, спроведување на Охридскиот рамковниот договор и пинципите кои произлегуваат од овој Договор како и унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците во Република Северна Македонија, се појави потреба да се основа ново Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците“, се вели во образложението.

Веднаш стигнаа и првите критики, а најистакната во реакцијата беше професорката Мирјана Најчевска.

„Зошто бре луѓе? Како може да барате уште министерства? Треба да имаме најмногу 7 и не треба да имаме претседател и треба да имаме најмногу 20 општини и 70 пратеници. И никако не смее администрацијата да надмине 30.000 и да се намали бројот на судии и да се укинат управните и надзорни одбори и да се намали бројот на јавни претпријатија и да се преполови буџетот. Дајте бре луѓе имајте милост кон напатените граѓани кои се обидуваат да живеат во државичево“напиша Најчевска на својот профил.

Слично

Поврзани вести