Пратеници го повлекоа предлогот за студентски оброк, откако студентите најавија протест пред Собрание
Пратениците го повлекоа новиот прелдог за Законот за субвенциониран студентски оброк, откако студентите за в понедленик најавија протест во 16.00 часот пред Собрание.
Предлогот со кој ќе им се доделуваат средства за здрав оброк само на студентите кои не добиваат стипендија, не се апсолвенти, или само на оние чии родители остваруваат минимални приходи, предизвика бура од негативни реакции.
Студентските организации жестоко реагираа дека со новите критериуми таква привилегија ќе имаат само мал број на студенти, додека суштината на овој проект била „оброкот“ да го добиваат сите како што тоа се правеше досега.
На студентите месечно им се собираа околу 2400 денари што ги добиваа на трансакциска сметка и ги користеа за покривање на различни трошоци.
За изнаоѓање решение за измените на Законот за студентски оброк, во понеделник ќе се дебатира во Собранието , во присуство на претставници на студентските тела и од надлежното министерство.
– Јавно ги повикувам претставниците на Универзитетските студентски собранија на итна средба во Собранието на Република Северна Македонија во понеделник (14ти ноември) во 16.30 часот, сите заедно со министерот Шаќири да дискутираме по однос на овој дел од законот се со цел да најдеме заедничко решение кое ќе биде системски воспоставено и ќе обезбеди здрав оброк на студентите, како што впрочем и беше првата намена, денеска повика Моника Зајкова, пратеничката на ЛДП, една од предлагачите на законските измени.