Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пратеничките на ДОМ во посебна група, но и натаму дел од мнозинството

Пратеничките на ДОМ во посебна група, но и натаму дел од мнозинството

Пратеничките од ДОМ Лилјана Поповска и Маја Морачанин нема да бидат дел од пратеничката група на коалицијата предводена од СДСМ во Собранието, туку најверојатно официјално ќе настапуваат како независно, но се уште нема информации дали тоа ќе го вршат заедно со останатите пратеници кои се регистрирани како независни.

Во известувањето до Претседателот на Собранието,Талат Џафери од координаторот на ПГ на СДСМ и партнерите единствено партијата ДОМ не е наведена како дел од пратеничката група предводена од СДСМ.

Пратеничката Маја Морачанин од ДОМ за ТВ 24 вели дека тоа е во координација со СДСМ и дека не се менува ништо суштинско во нивното делување како дел од коалицијата  предводена од СДСМ. 

Координаторот на ПГ на СДСМ Томислав Тунтев не беше достапен за коментар. Во дописот Тунтев го информира Џафери дека негови заменици се Соња Мираковска и Јован Митрески.

Пратенички групи формираа и ДУИ и БЕСА, но не и ВМРО ДПМНЕ. ТВ 24 вчера објави дека нема став оттаму кога и дали ќе ја формираат пратеничката група или пак ќе продолжат со реплики и контра-реплики меѓусебно како на конститутивнаат седница за да ја блокирата работата на Собранието, за законите и одлуките за кои од Владата велат дека им се приоритет. 

Извор: ТВ 24

Слично

Поврзани вести