Пратеничката Пешевска со остри критики за организирањето на новата учебна година
Во Собранието
продолжува расправата за изборот на министрите, а опозицијата која веќе најави
дека нема да гласа за новиот владин кабинет, упатува и остри критики и
коментари во однос на организирањето на учебаната година, и воопшто од досегашната
работа на Владата
-Да не живеете во илузија дека оваа влада донесе кој знае какви економски мерки, потфрлифте со сите мерки, беа ненавремени, а лето требаше да биде тест за да се преземат сите чекори за старт на почетокот на учебната година. Учебната година требаше најдоцна да почне до 15.септември, со обезбедени учебници и со добро подготвени планови за онлајн настава, рече пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска.
Слично
