Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, „го сними“ Трендафилов со децата

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, „го сними“ Трендафилов со децата

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, која патем самата призна дека на име на нејзината мајка има четири стана во Скопје, сподели видео, според кое лидерот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, ги вози своите две мали деца со службено возило.

„Не го слушајте што зборува, туку гледајте го како се однесува… Трендафилов, службеното возило на ССМ и приватните обврски…“, напиша членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ како коментар.

ССМ бара минималната плата да се зголеми на 600 евра, додека власта ипорно не попушта. Денеска синдикалците протестираа со блокада на Собранието, а пратениците беа посочени како едни од виновниците за тоа што работниците се уште имаат минимална плата од 400 евра.


Слично

Поврзани вести