ПРАТЕНИЧКАТА МИМОЗА МУСА МУ ВРТИ ГРБ НА ТАРАВАРИ: Овој мандат не е само бројка, тој е глас на народ
Пратеничката Мимоза Муса од Алијанса за Албанците попладнево преку својот Фејсбук профил oбјави дека останува дел од коалицијата Вреди, што практично значи дека уште еден пратеник го напушта Арбен Таравари, кој неодамна се повлече од позицијата министер за здравство.
„Пред една година, на 8 мај, ја добив довербата од над 107.000 Албанци како пратеник на Алијансата за Албанците, на листата на коалицијата Вреди. Овој мандат не е само бројка, тој е глас на народ кој е уморен од повеќе од 20 години владеење на ДУИ и кој постојано бара промени. Минуваме низ тежок политички период и со право многу поддржувачи, пријатели и соработници прашуваат: Со кого е пратеничката Мимоза Муса?“, напиша Муса.

Додава дека нема да ја изневери довербата од гласачите.
„Не сум тука поради лични интереси, туку да му служам со достоинство и одговорност на секој гласач кој веруваше во оваа мисија. Промената почна и ние ќе продолжиме понатаму“, посочува Муса во објавата.
Претходно, вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи и пратеникот Салим Сулејмани исто така соопштија дека го напуштаат Арбен Таравари. Неогласувања во Владата настанаа затоа што Таравари призна дека е во контакт со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
фото Фејсбук
