Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пратеничката Костадиновска Стојчевска облече скафандер: Позитивна сум на Ковид-19 но денеска доаѓам во Собрание

Пратеничката Костадиновска Стојчевска облече скафандер: Позитивна сум на Ковид-19 но денеска доаѓам во Собрание

Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска, објави фотографија на која е облечена во скафандер и порача дека на денешната собраниска седница ќе дојде да гласа како позитивна на Ковид-19 со цел да се направи кворум за да се изгласа петтиот пакет на економски мерки за помош на граѓаните и компаниите.
„Пристигнувам во Собранието, со целосна заштитна КОВИД-19 опрема, за да учествувам на денешната седница на која ќе ги усвоиме законите кои обезбедуваат финансиска помош за илјадници граѓани и компании.

Позитивна сум на КОВИД-19, но добро се чувствувам, со силна одлучност денес да победи народот.

Нема да дозволиме уцени! Мојата должност како пратеничка е постојана и благородна. И здрава и болна, имам обврска да направам сѐ граѓаните да ја добијат помошта која Владата ја обезбеди за нив.

А, ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата можат и понатаму да прават сѐ што намериле против народот - но џабе им е, денес ќе ја завршиме работата.

Граѓаните ќе победат и уште еднаш ќе видат колкава РАЗЛИКА ИМА меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ односно меѓу тоа да правиш СЀ ЗА народот и да правиш СЀ ПРОТИВ народот.“, порача пратеничката од владеачкото мнозинство.



Слично

Поврзани вести