Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРАТЕНИЧКАТА ЈОВАНА МОЈСОСКА ГИ КРИТИКУВА КАДРОВСКИТЕ РЕШЕНИЈА НА ТОШКОВСКИ - утре во Собранието е интерпелацијата за министерот

ПРАТЕНИЧКАТА ЈОВАНА МОЈСОСКА ГИ КРИТИКУВА КАДРОВСКИТЕ РЕШЕНИЈА НА ТОШКОВСКИ - утре во Собранието е интерпелацијата за министерот

Пратеничката Јована Мојсоска се огласи преку фејсбук во врска со утрешната интерпелација на министеротв за внатрешни работи Панче Тошковски.

Таа излезе со критика за некои негови кадровски решенија.

„Кадровските решенија на министерот кои ќе го "рестартира" системот:

Жарко Златески - ВД командир на ПС Македонски Брод (девер на пратеничката Бисера Златеска и именуван после трагедијата во Кочани);

Братучедите на Тошковски, Крунислав Хаџи Наумов и Благојче Хаџи Наумов, експресно унапредени во СВР Велес (од помлад инспектор во самостоен инспектор и личен телохранител на Мицкоски и од обичен полицаец до виш инспектор);

Сашо Петрушевски (државен секретар на МВР од ЗНАМ, кривично гонет за злоупотреба на службена положба и злосторничко здружување);

Ердол Рамадан - командир на ПС Ропотово, за време на владеењето на СДС и ДУИ пукаше со автоматска пушка, по што Тошковски го врати на функција (овој пат како кадар на ВРЕДИ).

Утре во Собранието е ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА против Тошковски поднесена од #Левица, додека мајките на настраданите деца ќе протестираат во Скопје. Обвинуваа за политичко ЛЕШИНАРЕЊЕ оние кои на денот на најмасовниот погреб во историјата на Македонија платиле 400.000 евра ДРЖАВНИ ПАРИ ЗА МЕРЕЊЕ РЕЈТИНГ. Иако имаат буџет од партиско-истражувачки центри, кога Македонија тагувала, партијата на Мицкоски гледала како да исцеди пари преку буџет на влада, да шиканира, да демонизира, да се заканува.

Во најголемата трагедија на Македонија, на младите им го ускративте правото да тагуваат за своите врсници! Поради вашата параноја да не ја изгубите фотелјата МОРАЛНА ОДГОВОРНОСТ мора да има“, пишува Јована Мојсоска.


Слично

Поврзани вести