Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРАТЕНИЧКАТА ЃАВОЧАНОВА НА МЕСТОТО НА ЗАЕВ: ВМРО-ДПМНЕ ја напушти седницата

ПРАТЕНИЧКАТА ЃАВОЧАНОВА НА МЕСТОТО НА ЗАЕВ: ВМРО-ДПМНЕ ја напушти седницата

Попладнево во Собранието беше верификуван мандатот на пратеничката Драгица Ѓавочанова, која седна на местото на манадатрот Зоран Заев, но опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја напушти седницата и најави дека нема да учествува во веривикацијата на мандатите.

Според пратеникот на Никола Мицевски, Верификационата комисија нема мандат да решава бидејќи претстанала да постои по конститутивната седница, нагласувајќи дека е недозволиво непочитувањето на забелешките од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за кршење на собранискиот Деловник.

-Јасно ви укажавме и покажавме согласно Деловникот дека Верификационата комисија престанала да постои после првата конститутивна седница, вашите недокажани објаснувања не ви даваат за право да веруваме дека ќе ги почитувате забелешките и она што деловнички е предвидено согласно Деловникот за работа на Собранието  и од таа причина пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во понатамошниот тек на и на оваа седницата и на седниците за верификација на мандати нема да учествува, истакна пратеникот Мицевски.


Слично

Поврзани вести