Пратеничка за 11 месеци добила 550.000 денари за патни трошоци
Од пратениците, чии сопрузи, деца и родители имаат домови во Скопје, со домови во најмногу пари за патни трошоци наплатила пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Олга Лозановска.
Истражувањето на ТВ Сител покажува дека за 11 месеци таа добила над 550.000 денари, а поседува два стана во Скопје. Едниот се води на име на нејзиниот сопруг и е со површина од 74 метри квадратни, а другиот се води на „имот на деца“ и е 54 метри квадратни.
Осум од 73-цата пратеници кои лани за патни трошоци наплатиле 360.000 евра имаат станови во Скопје.
Од Лозановска не е далеку ниту Панчо Минов, од пратеничката група на СДСМ, со исплатени 530.000 денари, иако неговата сопруга има стан во скопје.
Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ наплатила 365.000 денари за пат Скопје - Гостивар , иако дури четири стана прикажале како имот нејзините родители во Скопје.
