Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пратеничката Олга Лозановска се вакцинираше во Ниш

Пратеничката Олга Лозановска се вакцинираше во Ниш

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Олга Лозановска, на својот профил на Фејсбук потврди дека изминатиот викенд се вакцинирала против Ковид-19 со вакцината АстраЗенека во Ниш и го повика министерот за здравство Венко Филипче да се спроведат посериозни мерки во борбата со вирусот.

„Откако отидов во Ниш за имунизација, имам еден апел до министерот за здравство. Не ни треба статистика.Ни требаат мерки за справување со Ковид 19. Нема доволно кревети, нема доволно медицински персонал, а и тие што се, работат со последните сили, модуларните болници не ви се готови, нема вакцини. Загубата на животи е огромна. Македонија е завиена во црно. До кога???Не зборувам како доктор или како член на ВМРО ДПМНЕ, зборувам како граѓанин на Р. Македонија. Има многу мерки кои треба да се спроведат“, напиша Лозановска.

Докторката побара масовна имунизација што побрзо, а не да се прави театар преку меѓусебните препукувања на министерот со претседателот Стево Пендаровски.

„Само така може да покажете дека навистина се грижите за здравјето на граѓаните, што ви е уставна обврска. Со несогласувањето со Претседателот на државата, не им помагате на граѓаните“, додава Лозановска.


Слично

Поврзани вести