Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пратеничка на СДСМ и градоначалник на Валандово меѓу повредените во сообраќајката

Пратеничка на СДСМ и градоначалник на Валандово меѓу повредените во сообраќајката

Во вчерашната сообраќајка која се случи во близина на Удово потешко повредена е пратеничката на СДСМ, Мери Лазарова (33) од Валандово, а со полесни повреди поминал градоначалникот на Валандово Перо Костадинов (30) кој исто така е од редовите на СДСМ.

Пратеничката, која управувала со возилото, итно била пренесена во Ургентниот центар во Скопје, со повреди на главата и телото.

Од МВР информираат дека патничко моторно возило „опел корса“ се превртело откако М.Л. се обидела да го избегне одронот на патот на делот по демиркаписките тунели.


Слично

Поврзани вести