ПРАШУМА НИКНА НА ГРОБИШТАТА БУТЕЛ, ГРОБОВИТЕ ОД ЃУБРЕ НЕ СЕ ГЛЕДААТ: „Немаат никаква почит кон умрените“, фотографии испратија граѓаните
Читатели на
Фактор попладнево испратија фотографии од градските гробишта „Бутел“.
Револтирано посочуваат дека гробовите се целосно обраснати со висока трева, а
низ некои дури и излегува тревата од тоа што нема никакво одржување. Уште
пострашно е како што велат, што ѓубрето е расфрлано насекаде, кантите преполни,
смрдеа неподнослива....
-Ова е срам невиден. Не се поминува до гробните места од висока трева. На човек да му е страв да стапне змии да го изедат. Веднаш зад капелата, тука во првиот ред, контејнерите се преполни со ѓубре. Тоа околу клупите тревата стигнала до колена. Се гледа дека не допрено од страна на оние кои треба да ги одржуваат, од страна на претпријатието „Бутел“. Срам да им е, само пари собираат од граѓаните, а работата не си ја вршат, немаат никаква почит кон нашите најмили без кои сме останале, велат граѓаните кои испратија фотографии од најголемите градски гробишта во Скопје.
А. Б.
