Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ПРАШАЊЕТО Е, КОЛКАВ ИМОТ ИМА ПАРТИЈАТА СЕГА“ - Никола Петров од Левица вели дека ВМРО-ДПМНЕ е една од најбогатите партии според квадратура на имот во Европа

„ПРАШАЊЕТО Е, КОЛКАВ ИМОТ ИМА ПАРТИЈАТА СЕГА“ - Никола Петров од Левица вели дека ВМРО-ДПМНЕ е една од најбогатите партии според квадратура на имот во Европа

Никола Петров, од Универзитетот Гоце Делчев Штип и член на Левица, на фејсбук пришува дека ВМРО-ДПМНЕ е една од најбогатите партии од Европа според квадратурата на нејзиниот имот, а неговиот статус го сподели и Димитар Апасиев, лидерот на таа партија. 
„ВМРО-ДПМНЕ е една од најбогатите партии во Европа според квадратурата која ја поседува како политичка партија. Има 93 имотни листа за партиски седишта низ Македонија во кои имотни листови се впишани 33.238 метри квадратни објекти, земјоделско земјиште и пасишта. Според пазарната вредност, вкупниот имот се проценува на околу 60 милиони евра, додека само новото седиште на партијата во центарот на Скопје вреди околу 40 милиони евра.

После ВМРО-ДПМНЕ најголем имот во Европа поседува Партијата на Центарот во Шведска, чиј имот се цени на околу 53 милиони евра.

Партијата СДУ на Ангела Меркел во Германија поседува имот од 50 милиони евра, Лабуристичката партија во Велика Британија има недвижности во вредност од 9 милиони фунти, додека конзервативната 11 милиони.

Вртоглавиот раст на имотот на ВМРО-ДПМНЕ започнува во 2006-та година, кога и станува носител на власта на чело со Никола Груевски.

Овој извештај за богатството на партијата е од 2016 година. Прашањето е: Колкав имот има партијата сега?“, пишува Петров на фејсбук.

Веројатно ова следува откако ВМРО-ДПМНЕ ја критикуваше Левица за купување на имот во центарот на Скопје.

Слично

Поврзани вести