Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ПРАШАЊЕТО Е ДАЛИ ОСВЕН УНИШТУВАЊЕ НАПРАВИВТЕ НЕШТО“: Богдановиќ му врати на Ахмети, кој тврди дека ја уништил Југославија

„ПРАШАЊЕТО Е ДАЛИ ОСВЕН УНИШТУВАЊЕ НАПРАВИВТЕ НЕШТО“: Богдановиќ му врати на Ахмети, кој тврди дека ја уништил Југославија

Поранешниот градоначалник на Општина Центар Саша Богдановиќ реагираше на изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека тој ја уништил Југославија

„1.Ахмети ја уништил Југославија:
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети изјави дека во Македонија нема политичар кој подобро од него го познава и практикува национализмот, потсетувајќи дека бил директно вклучен во клучните процеси во периодот од 1981 до 2001 година.
2. Љубчо Ѓоргиевски вика дека работеле на разбивање на Југославија.
„На денешен ден 1990 година ја формиравме ВМРО-ДПМНЕ со главна цел да ја растуриме Југославија и да формираме самостојна Македонија! Се боревме против 17 други партии кои сакаа да ја спасат Југословија.
Прашањето е дали освен уништување и растурањето нешто успеавте да направите не мора за Југославија барем за Македонија“, реагира Богдановиќ. 

Оваа реакција доаѓа откако Ахмети изјави дека во Македонија нема политичар кој подобро од него го познава и практикува национализмот, потсетувајќи дека бил директно вклучен во клучните процеси во периодот од 1981 до 2001 година.

„Нема никој во Македонија што знае подобро од мене како се прави национализам. Јас ја уништив Југославија и 20 години го спроведував проектот 1981–2001. Но, ако го слушнете мојот говор на Конгресот, ќе видите дека никогаш не сум се занимавал со ВМРО, СДСМ или ВЛЕН. Она што го имав да им го кажам на вазалите, им го кажував од 2002 до 2025 година. Тие не нудат одржливо решение“, рече Ахмети.


Слично

Поврзани вести