„Прај се ко фараон бетер од Таљат“: Еве што му порача Апасиев на новиот спикер Митрески
По изгасувањето на новиот спикер на Собранието во рамки на техничката влада, на денешната седница, своја честитка сподели и претседателот на Левица, Димитар Апасиев и во нивни стил, честитката беше „изворно на струшки дијалект“.
Како што посочи Апасиев, прв пат во живот ќе чита од собраниската говорница, за да биде изворна пораката.
- Друже Јовче
Златна рипка да фатеше во езерно, немаше да ти текнит дека некогаш во живтот ќе беше спикер на Парламентот.
Уживај другар, наредни 100 дена и прај се ко фараон бетер од Таљат,
ко че се вратиш в Струга со празно сири а полни џебои, рипката не му ја давај на шерифот Мерко од ДУИ зш е на црна листа в Америка.
Пуштија в ензероно нек ја фати вмроецон Пецков, него ќе му требит зш многу мести тендери. Тоа е брат, терај, ич да не ти чуе - кажа Апасиев.
Неговото обраќање го сподели и на социјалните мрежи:
