Познато зошто куќарките повторно се вратени на скопскиот плоштад
Фото: Градска.мк
Куќарките што беа поставени на скопскиот плоштад за Нова година таму беа изложени до април. Потоа беа отстранети, но за кратко време повторно беа вратени. Градоначалничката Данела Арсовска денеска на социјалните мрежи даде објаснување за ваквиот потег кој ги збуни скопјани.
„Куќарките не се на градот туку на Јавното претпријатие Паркови и зеленила, а во функција за Отворените денови на 23 скопски средни училишта кои во следните неколку дена на Плоштадот Македонија ги запознаваат полуматурантите од градот и земјата со образовните програми и профили кои ги нудат.“, напиша Арсовска денес претпладне.
Таа порача дека овие тие не се „новогодишни“, туку дека ќе се користат по потреба.
„Куќарките не се новогодишни, еве сега се поставени во пролет дали тоа ги прави пролетни?
Ги повикуваме медиумите да проверат низ останатите градови каде од Нова година па Велигден и до денес сеуште не се поместени куќарките кои се поставени, за да нема перцепција дека за Скопје има хајка за истото!
Ајде секој ден ќе си читаме лажни вести, малициозни манипулации и напади како и во изминатите две години. Ама за другите од било која гарнитура не смеете збор да пишете. “Како и до сега.”, дополни градоначалничката.
Слично
