Познато за кога ВМРО-ДПМНЕ го планира централниот митинг во Скопје
ВМРО-ДПМНЕ централниот митинг пред одржувањето на претседателските избори го планира на 13 април во Скопје.
Овој термин е дефиниран според најавата од изборните штабови. ВМРО-ДПМНЕ во изборната кампања стои зад кандидатот за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова.
Кандидатката на опозицијата во неколку наврати повтори дека треба да има победа за да се делегитимира власта и да се отвори пат за парламентарни избори.
Инаку владеачката коалиција, која го поддржува Стево Пендаровски, го планира главниот настан еден ден потоа во Скопје, односно на 14 април.
Слично
