Познато од која земја „Ел Чека“ ги објавувал бомбите
Ел Чека кој деновиве на социјалните мрежи неовластено објавува аудио снимки, кривичното дело го извршувал од Чикаго.
Ова станува јасно од Кичевското обвинителство кое преку соопштение информираше за постапките на кичевецот кој под профилот на „Ел Чека“ од САД ги постирал снимките на Фејсбук.
Како што се посочува во соопштението на ОЈО Кичево до осомничениот е поднесена кривична пријава за за кривично дело – неовластено снимање од член 152 став 1 од Кривичниот законик.
Лицето кое се „крие“ зад „Ел Чека“ има адреса на живеење во кичевското село Турин а ОЈО од надлежните органи во САД побарале да преземат законски мерки против тоа лице со цел да се спречи понатамошно објавување на снимките.
Слично
