Со кого ќе се сретне Папата при посета на Македонија?
Планирано е Папата да пристигне во Скопје, на 7 мај наутро.
Канцеларијата за печат при Светиот Престол во Ватикан, денеска ја објави програмата за посетата на папата Франциско на Македонија.
Папата Франциско по официјалниот пречек, ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев, како и со претставници на граѓанското општество и дипломатскиот кор.
Тој ќе има средби и со верските лидери и со сиромашни лица, соопшти владината прес-служба.
Во програмата за апостолското патување на папата Франциско во Македонија предвидено е да отслужи света литургија, а потоа да присуствува на екуменска и меѓурелигиска средба со млади.
Папата своето 29 апостолско патување, ќе го заврши во попладневните часови на 7 мај, со средба со свештеници и нивните семејства, по што се враќа во Рим.
Претходно, Папата ќе престојува во Бугарија каде што ќе ги посети градовите Софија и Раковски.
Папата ќе биде првиот највисок поглавар на црквата чие седиште е во Ватикан кој ја посетил поранешната југословенска република, наведува Религион дигитал чие седиште е во Чиле, Јужна Америка.
Читајте уште
